Британско разузнавање: Русите може да користат фосфорна муниција во Мариупол
Од
Објавено на
Британското Министерство за одбрана објави нов разузнавачки извештај за војната во Украина.
Се предупредува дека претходно руската употреба на фосфорна муниција во Доњецк отвора можност руските сили да користат таква муниција во Мариупол, каде борбите се интензивираат.
Исто така, се наведува дека руското гранатирање продолжило во регионите Доњецк и Луганск во источна Украина, „при што украинските сили одбиле неколку напади што резултирале со уништување на руски тенкови, возила и артилериска опрема“.
„Постојаното потпирање на Русија на неводени бомби ја намалува нивната способност за прецизно таргетирање во нападите, што значително го зголемува ризикот од цивилни жртви“, се вели во извештајот.