Свет

Кадиров: Ви гарантирам, ќе го земеме Киев

Рамзан Кадиров, моќниот лидер на Чеченија, рано утринава изјави дека ќе има офанзива на руската армија не само врз опколениот град Мариупол, туку и врз Киев и други украински градови.

„Ќе има офанзива…не само во Мариупол, туку и во други места, градови и села“, рече Кадиров во видео пораката објавена на Телеграма.

„Луганск и Доњецк – прво целосно ќе ги ослободиме – а потоа ќе го окупираме Киев и сите други градови.

Кадиров вели дека нема сомнеж за Киев. „Ви гарантирам: нема да направиме ниту еден чекор назад“, рече Кадиров.

Тој постојано беше обвинет од САД и ЕУ за кршење на човековите права, што тој го негира.

Москва водеше две војни со сепаратистите во Чеченија, претежно муслимански регион во јужна Русија.

Но, оттогаш, таа инвестираше огромни суми пари во регионот за да го обнови и да му даде на Кадиров голема автономија.

На почеток