Магазин

Во Делчево заврши проектот за зачувување на традиционалните културни вредности

Во Делчево заврши реализацијата на проектот „Да промовираме култура“, кој го имплементираше Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“. Во рамките на активностите, како што информира координаторот Кристијан Трајановски, беа собрани поголем број ракотворби, донирани од граѓани од Делчево и околината.

Директорот на Установата Методи Толевски, пак, информираше дека една од активностите за промоција на Пијанечкиот фолклор е и гостувањето на Меѓународниот фестивал во Турција, што ќе се одржи во втората половина од април.

На почеток