Мијалков: Одлуката на Стејт Департментот не е исправна
Сашо Мијалков на социјалните мрежи се огласи откако тој и Груевски заедно со нивните семејства се ставени на црната листа во Америка
„Жалам за денешната одлука на Стејт Департментот и сметам дека таа не е исправна
Одлуката е базирана на конструкции и дезинформации за кои со време ќе се докаже дека се неиздржани.
Секогаш сум ги бранел и ќе ги бранам интересите на Македонија.
Верувам дека правдата ќе победи и дека одлуката на американската администрација ќе биде корегирана“, вели тој.
„Во неговото службено својство на премиер, Груевски беше вмешан во коруптивни дејствија меѓу кои користејќи го своето политичко влијание и официјалната моќ за лична корист. Поточно, постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и прима мито за возврат на владини договори, незаконски присвоени јавни средства и мешање во изборните процеси за политичка полза за себе и за неговата партија“, вели Стејт департментот.
Груевски за црната листа на САД: Жалам за одлуката, властите во Македонија лобираа ова да се случи