Свет

(ВИДЕО) Русија: Со ракети го соборивме украинскиот дрон Бајрактар

Руското Министерство за одбрана тврди дека екипажот на фрегатата од Црноморската флота во близина на западниот брег на полуостровот Крим уништил украински беспилотно летало Бајрактар.

„Целта е уништена со лансирање на два ракети од противвоздушниот систем „Штил“, рекоа Русите, тврдејќи дека украинскиот „Бајрактар“ извршил извидување на бродови на руската Црноморска флота и руски крајбрежни и копнени позиции на Крим и јужна Украина.

Тие објавија снимка на која се гледа како ракетата се лансира од бродот, но не и падот на дронот. Тврдењата на Русија за уривање на Бајрактар ​​не се независно потврдени.

To Top