Свет

Русите ги преминаа сите граници, им се подготвува остар одговор, вели Хипи

Сите опции се на маса, како одговор на каква било употреба на хемиско оружје во Украина од страна на Русија. Ова денеска го соопшти британскиот министер за вооружени сили Џејмс Хипи.

„Има некои работи кои ги преминуваат сите граници, а одговорот за употребата на хемиско оружје ќе следи, а сите опции се на маса за тоа каков би можел да биде тој одговор“, објасни британскиот функционер за Скај њуз, пренесува Ројтерс.

Британскиот министер за надворешни работи Лиз Трас во понеделникот изјави дека Велика Британија работи со своите партнери за да ја потврди веродостојноста на извештајот дека руските сили можеби користеле хемиски средства во нападот на Мариупол, пренесува британската агенција.

На почеток