Свет

Обвинител во Котор заврши зад решетки, уапсен поради злоупотреба на службената положба

Државниот обвинител на Основното државно обвинителство во Котор, чии иницијали се С.Ј., е уапсен поради сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба, соопштија од Специјалното и Вишото државно обвинителство.

Обвинителот е уапсен по наредба на вршителот на должноста специјален обвинител Милош Шошкиќ, кој по рочиштето донесе решение за притвор до 72 часа.

Според редот на врховниот државен обвинител Маја Јовановиќ, формирана е комисија за контрола на сите предмети во кои раководел С.Ј., се вели во соопштението.

Законот пропишува затвор од шест месеци до пет години за службено лице кое со незаконски користење на својата службена положба или овластување, пречекорување на границите на овластувањата или неизвршување на службената должност, ќе придобие корист за себеси или за други, или ќе ги повреди правата на другите.

На почеток