Дејствијата на Русија во Украина прогласени за „геноцид“
Парламентот на Украинската Врховна Рада усвои резолуција со која дејствијата на руските сили во земјата се прогласени за „геноцид“, соопштија од Киев.
Како што беше објаснето, „сега е јасно дека дејствијата извршени од вооружените сили на Руската Федерација не се само злосторство на агресија, туку и насочени кон систематско и доследно уништување на украинскиот народ, неговиот посебен идентитет и лишување од нивното право на самостоен развој“.
„Ова бара итно признавање на дејствијата извршени од руските вооружени сили за време на последната фаза од вооружената агресија на Руската Федерација против Украина, која започна на 24 февруари 2022 година, како геноцид врз украинскиот народ“, се вели во соопштението на Врховната Рада, пренесува CNN.
Во соопштението се наведуваат и масовни злосторства, намерно убивање цивили и принудно преместување на деца на руска територија, како дел од акциите на руските сили кои претставуваат геноцид, прецизира американската телевизија.
Претходно оваа недела, американскиот претседател Џозеф Бајден ги нарече злосторствата што се случуваат во Украина „геноцид“, но додаде дека неговата забелешка не е правна квалификација, пишува Си-Ен-Ен.