Македонија

Дали сомнителниот молк на Мицкоски е токму поради фирмата на Груевски, прашува СДСМ

Тишината на Мицкоски за Црната листа на САД кажува се, да си даде оставка

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со денови молчат за тоа што нивниот почесен претседател и шеф и криминалец во бегство Никола Груевски се најде на Црната листа на САД.

Особено што Мицкоски му бил советник на Никола Груевски а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Немаат намера да се извинат, да побараат одговорност, а камоли да понудат оставки.

Новина е наведената фирма на Никола Груевски регистрирана во Република Унгарија.

Дали сомнителниот молк на Мицкоски е токму поради оваа фирма на Груевски?

Мицкоски да излезе пред граѓаните и да каже која е поврзаноста со фирмата за која медиуми објавија дека се наоѓа во близина на Будимпешта?

Дали стравува дека може да се најде на Црната листа на САД, па со молчење го брани својот шеф?

Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена. Тоа се уште е истата криминална и режимска партија која 11 години државата ја држеше во заложништво.

По сите признанија, по сите судски пресуди, Мицкоски треба да си даде оставка и никогаш повеќе да не се бави со политика.

На почеток