Македонија

Вистинската слика за владата на СДСМ и ДУИ е отсликана во Извештајот на Стејт Департмент, а тоа е многу криминал, вели ВМРО-ДПМНЕ

Вистинската слика за владата на СДСМ и ДУИ е отсликана во Извештајот на Стејт Департмент, а тоа е многу криминал.

Но, ако на СДСМ толку им пречи црната листа на САД дали тоа би значело дека Љубе Бошкоски и Мендух Тачи кои се на црната листа на САД ќе ги исфрлат од коалицијата со која ја делат власта.

Граѓаните многу добро знаат дека власта на СДСМ прави и бизнис со фирми кои се на црна листа на САД, и кои се анти НАТО.

СДСМ нека одговори и зошто Извештајот на Стејт Департмент нотира корупција во владините редови, напади на новинари, полициска бруталност. Очигледно е дека власта на СДСМ носи само порази.

Владините функционери се подлежни на корупција, таков пример се случаите на Рашковски и Зекири.

Од СДСМ не престануваат со лагите и криминалот, за да владеат и крадат не бираат со кого коалицираат.

На почеток