Свет

Најмалку 167 лица загинаа на Филипините

Најмалку 167 лица загинаа во лизгање на земјиштето и поплавите предизвикани од тропската бура „Меги“ на Филипините.

Според соопштението на националната агенција задолжена за вонредни ситуации, уште 110 лица се водат како исчезнати, а 1,9 милиони се погодени од ова невреме, пренесува Би-би-си. Селата околу градот Бејбеј во централната провинција Лејте се тешко погодени.

Во селото Пилар околу 80 отсто од куќите ги однесе морето. Исто така, според филипинската агенција, смртни случаи се пријавени во јужниот регион Давао, Минданао и централната провинција Негрос Ориенталс. Многу луѓе ги напуштија своите домови во засолништа или други места кога невремето, локално познато како „Агатон“, го погоди архипелагот со ветрови до 65 километри на час. На фотографиите објавени од филипинската крајбрежна стража се гледаат спасувачи како ги носат повредените на носилки и ги превезуваат преживеаните на сплавови низ поплавените улици.

На почеток