Свет

Меркел во своето новогодишно обраќање испрати важна порака до граѓаните на Германија

Германската канцеларка, Ангела Меркел во своето новогодишно обраќање ги повика граѓаните да допринесат во зачувување на Европската унија како прокт за мир и благосостојба.

Меркел порача дека Германија ќе продолжи да се залага за решение на предизвиците и во 2019 година дека земјата мора да превземе уште поголема одговорност.

Канцеларката исто така наведе дека во наредната година ќе се стави фокус на климатските промени, миграциите и борбата против тероризмот.

„Сакаме да ги решиме сите овие прашања поради нашиот сопствен интерес, а тоа можеме најдобро да го направиме ако ги земеме предвид и интересите на другите“, истакнува Меркел во пораката.

Сепак, според неа, сите во светот не го споделуваат ваквото мислење, што предизвикува притисоци во меѓународната соработка.

– Во таква ситуација мораме да станеме, да се залагаме и да се бориме за нашите убедувања и мораме да преземеме поголема одговорност пради нашиот сопствен интерес, смета Меркел.

Таа нагласува дека Берлин се залага за „глобални решенија во ОН“ и сака ЕУ да биде „многу посилна и способна самата да носи одлуки“, која ќе го задржи „блиското партнерство“ со Велика Британија.

Во обраќањето до своите сонародници, Меркел им порачува на изборите за Европскиот парламент во мај идната година „да придонесат ЕУ да остане проект на мирот, благосостојбата и безбедноста“.

Меркел потенцира дека планира да остане на местото канцелар до крајот на сегашниот мандат во 2021 година.

– Демократијата живее од промени. Го градиме она што ни го оставија нашите преци и ги обликуваме работите во сегашноста за оние што доаѓаат по нас, истакнува Меркел во новогодишното обраќање до Германците.

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток