Како Заев се стекна со фабриките за марихуана и лиценцата за експлоатација на глина за Еленица, вели ВМРО-ДПМНЕ


СДСМ да го праша Заев како се стекна со фабриките за марихуана и лиценцата за експлоатација на глина за Еленица,вели ВМРО-ДПМНЕ
„СДСМ е криминална партија.
Од позиција на премиер Заев им даде лиценци за производство на канабис и масло од канабис на своите братучеди.
Како премиер тој си издаде лиценца за експлоатација на глина за потребите на Еленица, семејна фирма на кланот Заеви.
СДСМ е партија во чија влада двајца генерални секретари наместо да бидат техничка поддршка на владата потпишувале тендери од милиони. Рашковски и Зекири се пример какви криминалци има во СДСМ.
За да можат да крадат СДСМ не сакаат да им ги покачат ниту платите на наставниците“, се вели во соопштението
