Свет

Пукање во трговски центар во Колумбија, дванаесет лица се повредени

Десет лица се повредени во престрелка, а уште две се повредени во трговски центар во Колумбија, Јужна Каролина.

Во врска со престрелката уапсени се три лица кои имале оружје со себе, изјави шефот на колумбиската полиција Скип Холбрук, додавајќи дека најмалку еден од нив пукал, пренесува АП.

„Не веруваме дека ова е несреќа. Мислиме дека се познавале и дека нешто довело до пукање“, рекол Холбрук. Властите соопштија дека во престрелката нема жртви, но во болница се пренесени осум повредени, од кои двајца се во критична состојба. Останатите шест лица се стабилни.

Повредените биле на возраст од 15 до 73 години.

На почеток