За еден ден во полиција пријавени 10 тепачки


На 16.04.2022 во 18.35 часот во Полициско одделение Ранковце М.А.(25) од Куманово пријавил дека околу 18.20 часот во с.Гиновци на место викано „Бентомачки пат“ тој и Ф.Д. од Куманово биле физички нападнати од А.С. кој управувал патничко моторно возило „мерцедес“ со кривопаланечки регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.04.2022 во 00.56 часот во СВР Штип е пријавено дека околу 00.50 часот во близина на угостителски објект во Пробиштип по претходна расправија е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Т.(32) од с.Стрмош, пробиштипско и Љ.Ј.(33) од Пробиштип од една страна и М.С.(18) и Д.С.(36) двајцата од Пробиштип од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.04.2022 во 04.30 чaсот во Полициска станица Гази Баба 26-годишна девојка од Скопје пријавила дека во 03.30 часот на подрачје на Гази Баба додека била во патничко моторно возило „крајслер“ заедно со нејзиното поранешно момче А.Т., истиот физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.04.2022 во 14.40 часот во СВР Струмица Д.Г.(37) од с.Василево пријавил дека околу 14.15 часот во Струмица по претходно недоразбирање бил физички нападнат од П.Ј.(44) од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.04.2022 во 03.50 часот во СВР Струмица Ѓ.Б.(21) од Струмица пријавил дека околу 03.00 часот во с.Босилово по претходна расправија бил физички нападнат од Т.М., Б.Г. и Д.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.04.2022 околу 20,00 часот во Полициска станица Велес Д.Г.(41) од Велес пријавил дека околу 18,00 часот во Велес бил физички нападнат од П.Н со кого се познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.04.2022 во 23,40 часот во Полициска станица Неготино З.К.(56) од Кавадарци вработен како обезбедување во казино во Неготино пријавил дека бил физички нападнат од Д.С. од Неготино. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.04.2022 околу 17.10 часот во Полициска станица Центар С.Т.(59) од Скопје пријавил дека додека бил на своето работно место во угостителски објект на Плоштад Македонија бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.04.2022 во 11.46 часот во Полициска станица Аеродром Т.Н.(70) од Скопје пријавил дека во 09.00 часот во влез на зграда на подрачје на Аеродром бил физички нападнат од неговиот сосед М.С. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.04.2022 во 19.30 часот во Полициска станица Аеродром Н.Ц.(48) од Скопје пријавил дека на подрачје на Аеродром по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Ж.В.(52) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.
