Во знак на поддршка на лицата со хемофилија, Кабинетот на претседателот обоен во црвена боја
Од
Објавено на
Позитивни промени единствено се можни кога постои висока јавна свест и институционална поддршка, вели претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.
„Според Светската федерација за хемофилија 1 од 1000 луѓе во светот има нарушување на коагулцијата на крвта. Во #СевернаМакедонија повеќе од 320 лица живеат со хемофилија А и Б.
Потребни се заеднички напори за да овозможиме сите да имаат правичен пристап и соодветен третман на оваа непредвидлива наследна болест.
Во знак на поддршка на лицата со хемофилија и нивните семејства, а со цел подобрување на нивниот статус, го осветливме Кабинетот во црвена боја“, стои во објавата на претседателот.