Свет

(ВИДЕО) Медведчук бара помош од Путин, да го замени со британски војници заробени во Украина

Украинските медиуми објавија ново видео на пратеникот и шеф на политичкиот совет на Опозициската платформа – за животот на Виктор Медведчук.

Во новото видео тој бара од рускиот претседател Владимир Путин да го замени со британски војници заробени во Украина.

Медведчук е во домашен притвор од мај 2021 година, од каде, како што соопшти Министерството за внатрешни работи на Украина, побегнал на 28 февруари, четири дена по рускиот напад на Украина и оттогаш се води како исчезнат.

Украинските власти го сомничат Медведчук за велепредавство и обиди за грабеж на националните ресурси на Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

Неодамна беа објавени негови фотографии и снимки на кои се гледа дека е заробен од украинските сили.

Марија Захарова го опиша предлогот на Володимир Зеленски за размена на Виктор Медведчук за украински воени затвореници како многу опасен тренд.

На почеток