Кривични пријави за седум лица поради бесправно градење
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против правно лице од Свети Николе, В.Б.(42) од Свети Николе, Д.С.(69), К.С.(40) и Ј.Т.(69), тројцата од Скопје и В.Г.(53), Д.Ј.(53) и Б.С.(65), тројцата од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Во текот на 2012 година, правното лице преку одговорното лице В.Б. ги поттикнал проектантите Д.С. и К.С. да постапат спротивно на Законот за градење, односно да изготват проект за градба на ул.„Пионерска“ во Свети Николе спротивно на Деталниот урбанистички план и да изготват анекс на основниот проект. Ј.Т. извршил ревизија на основниот проект, постапил спротивно на Законот за градење и потврдил дека проектот е изготвен согласно Законот за градење и Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Службените лица Д.Ј. и В.Г. од Секторот за урбанизам, комунални работи, сообраќај и заштита на животната средина ги пречекориле службените овластувања и издале одобрение за градење. Потоа, во 2015 година поради нов Детален урбанистички план, службените лица Д.Ј. и Б.С. издале Одобрение за адаптација, спротивно на Правилникот за урбанистичко планирање со што биле нарушени и одредбите за паркирање.
Со наведените дејствија пријавените овозможиле правното лице да се стекне со недвижен имот – деловен простор во површина од 101м² и еден кат од 126м² во вкупна вредност од 10.393.500 денари.