Скопје

Аеродромци ќе добијат нов парк

Аеродромци ќе добијат нов парк на улица „23 Октомври“ спроти градинката „Изворче“ во населбата Стар Аеродром.

Паркот ќе биде на површина од 2.300 м2 и ќе опфаќа детско игралиште и содржини за возрасни, со новопроектирани пешачки патеки, простор и павилјон за одмор, простор за одржување настани, ново хортикултурно уредување и нова наменска урбана опрема.

Станува збор за проект што е донација во висина од над 5 милиони денари од општествено-одговорна копманија. Паркот покрај тоа што ќе го разубави овој дел од Аеродром, истовремено ќе претставува и ново современо катче за одмор и рекреација на сите жители од нашата општина.

На почеток