Власта во мафијашки стил се заканува и врши притисоци кон просветните работници, вели ВМРО-ДПМНЕ
Владата на СДСМ се однесува во мафијашки стил кон просветните работници. Врши бесрамни притисоци и закани во стилот земи или остави и во исто време им се заканува, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Тоа е матрицата на оваа власт предводена од СДСМ.
Штрајкот на наставниците е оправдан, а нивните барања се легитимни и се засноваат на колективен договор.
Тоа што Владата се однесува игнорантски кон нив е резултат на одлепеноста на елитата на власт од реалноста. Тие нудат покачување на плати кои не се доволни ниту за два дена пазарење на основни намирници во маркетите. Инфлацијата го изеде стандардот. Само во месец март таа изнесува 8,8%, цената на маслото за јадење е зголемена за 100%, лебот е поскапен за 110%, горивата за околу 80%, струјата за 30% итн. Но милионерите од власта тоа не го чувствуваат и затоа така се однесуваат.
Власта нема пари за просветните работници кои земаат нешто над минималната плата, а во исто време трошат милиони за цвеќиња, жардинери, фстаци, службени возила и хотелски услуги. Ете затоа народот е гневен“, се вели во соопштението.