Спасовски или е неспособен да ги фати крадците на маслото од марихуана или е дел од криминало, вели ВМРО-ДПМНЕ


Спасовски да си даде оставка, тој или е неспособен да ги фати крадците на маслото од марихуана или е дел од криминалот, вели ВМРО-ДПМНЕ
„4 ден како Спасовски молчи, и ни траг ни глас од кражбата во висина од над 2 милиони евра, во масло од канабис.
Кражбата е извршена во објект во кој има десетици камери, а Спасовски уште не знае кој и каде е крадецот.
Објектот го обезбедувала приватна агенција за обезбедување со седиште во Струмица, а ниту тие не знаат кој ги заобиколил и ја ограбил фабриката.
4 дена нема реакција од МВР, период доволен за маслото од марихуана одамна да биде изнесено од државата и продадено на црн пазар во странство, а некој дебело да профитира.
Спасовски или е целосно неспособен и не знае што му се случува или е дел од криминалот. И во едниот и во другиот случај одговорот е еден.
Оставка веднаш“; се вели во соопштението.
