Македонија

Во ресторан во Тетово примале гости без сертификат за ковид

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект – угостителски објект од Тетово и Л.С.(43) од с.Бозовце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 01.03.2022, полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект и било констатирано дека не се придржувал кон мерките на Владата кои се однесуваат на задолжително поседување сертификат за примени две дози на вакцина при влез во угостителски објекти.

На почеток