Свет

Жовкa: Не е добра идеја Гутереш да отпатува во Москва

На Украинците не им се допаѓа намерата на генералниот секретар на ОН.

Советникот на украинскиот претседател Игор Жовкa го критикуваше генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за неговата претстојна средба во Москва со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, нагласувајќи дека Гутереш „нема овластување да зборува во име на Украина“.

„Не е добра идеја тој да отпатува во Москва. Не ја разбираме неговата намера да отпатува во Москва и да разговара со претседателот Путин“, рекол Жовка, пренесува Гардијан.

Тој изјави дека „иако сите мировни преговори се добри ако завршат со резултати“, се сомнева дека разговорите што ги иницира Гутереш ќе дадат некаков резултат.

Гутереш во вторник ќе престојува во Москва, а неговата посета на Киев е планирана за четврток, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеб.

На почеток