Македонија

СДСМ со своите „мерки“ ја уништи економијата во Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ со своите „мерки“ ја уништи економијата во Македонија.

Власта на СДСМ и ДУИ извршија целосен грабеж преку тендери и трошење за непродуктивни работи.

Власта додека се луксузира со парите на граѓаните, нема ниту еден капитален проект завршен.

Бидејќи нема капитални инвестиции, БДП на државата за почетокот на оваа година е најниско во регионот, владата на Ковачевски реши повторно да ја задолжи државата.

За последните две години власта ја задолжи државата за над 1.6 милијарди евра, а со новото задолжување оваа власт ќе ги задолжи граѓаните за 2.3 милијарди евра и со тоа јавниот долг на државата ќе изнесува над 7.9 милијарди евра.

Владата на СДСМ и ДУИ за три години го задолжи секој граѓанин за нови 1.250 евра.

Потребни се брзи предвремени парламентарни избори за излез од оваа економска криза за која виновник е Владата на СДСМ и ДУИ.

На почеток