На 31.12.2018 година околу 20,00 часот во Скопје на улица „Македонска Косовска Бригада“ С.С.(36) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Ланчиа“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешаците В.С.(27) и едногодишно дете од Скопје и 6 годишно дете од Косово.
На повредените медицинска помош им е укажана во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.