Македонските јавни личности на полноќ објавија фотографии со кои ја честитаа Новата 2019 година на своите следбеници на социјалните мрежи.
„Среќна Нова година драги пријатели, ве сакам сите“ им порача водителката Лила Филиповска на своите следбеници на Инстаграм.
„Драги мои, Ви посакувам ваква среќа на сите како што ми е мене на фотографијава. Среќна Нова и само здравје (и чист воздух) Живели!, напиша Тамара Тодевска.
„Ви посакувам многу здравје, среќа и љубов. Нека 2019 година биде година на триумфи, веселби и прослави. Нека се реализираат сите ваши соништа и соништата на вашите сакани. Среќена Нова година!, напиша Маријана Станојковска на својот Инстаграм профил.
„Со најсветли чувства ја дочекувам Новата 2019 Година!
Во неа посакувам секое бездомно животно да има семејство кое ќе го сака и чува!
Сакам сите постари луѓе да имаат одлично здравје и секогаш да имаат покрај себе некој кој се грижи за нив!
Сакам сите деца на светов да имаат комплетно семејство исполнето со љубов и слога!
И уште Ви посакувам на СИТЕ мнооооогу среќа и мнооооогу љубов!
Од желби толку.
А моите лични желби зависат само од мене, затоа ќе си посакам само безгранична љубов зошто тоа е причината поради која ние постоиме 🙏🏼
Среќна Нова 2019
Искрено Ваша Лоб“, напиша Викторија Лоба.
„Спремни сте за следните нови големи изненадувања во Новата година? Јас сум спремна“, напиша Калиопи.
