Русија остро и се закани на Британија
Руското Министерство за одбрана предупреди на „веднаш пропорционален одговор“ доколку Британија продолжи со своите „директни провокации“, пренесува Ројтерс. Предупредувањето на руското Министерство за одбрана се однесува на изјавата на британскиот министер за вооружени сили Џејмс Хепи, кој рече дека Британија ги поддржува украинските напади на руска територија.
Хепи рече дека „не е нужно проблем“ ако Украина користи оружје донирано од Велика Британија во таквите напади.
„Нема да биде проблем ако претставниците на одредена западна земја се во овие украински центри. Сакаме да нагласиме дека доколку се остварат нападите што ги повика режимот во Киев, нашиот непосреден пропорционален одговор ќе дојде“, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Како што предупредивме, руските вооружени сили се подготвени да извршат високопрецизни напади со оружје со долг дострел врз центрите за одлучување во Киев 24 часа на ден“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Руското Министерство за одбрана, како најдиректна закана за Британија досега, рече дека во случај на такви руски удари „нема да биде нужно проблем“ доколку во тие центри за одлучување моментално се наоѓаат претставници на „одредени западни земји“.