Свет

Британците објавија нова воена мапа

Британското Министерство за одбрана објави ажурирана мапа на конфликтот во Украина, на која се прикажани маневрите на руските сили.

Според британското воено разузнавање, руските сили продолжуваат да напредуваат кон источна Украина од правец на границата со Русија.

Покрај тоа, руските сили се движат од правец на полуостровот Крим на југ кон областите Бердјанск, Запорожје и Мелитопол.

Според Британците, продолжуваат воздушните напади на руските сили во главниот град Киев и градовите Краматорск, Днепар и Миколаев.

На почеток