Македонија

27 ми април е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ во која нема никаква промена, вели СДСМ

27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, вели СДСМ

„Вооружени насилници, поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ извршија упад во Собранието, обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок и државата да ја втурнат во провалија.

Тие насилници беа поддржани со присуство пред Собранието и лично од страна на Христијан Мицкоски.

27 април е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, партија во која и после 5 години нема никаква промена.

Мицкоски не е поместен ниту милиметар од режимската насилничка матрица на неговиот шеф и ментор Груевски.

Пет години од 27 април, од денот кога Собранието беше претворено во крваво поле за одбрана на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, Мицкоски и неговата партија се уште стојат зад овие насилници.

Едно е факт, насилниците никогаш нема да бидат уставобранители“, се вели во соопштението.

На почеток