Во пукањето кое се случи утрово во Белград, ранета е и девојка која исто така била во колата.
Од попладневните часови полицијата во Белград започнала акција со која на сите излези од градот се наоѓа патрола. Патролата ги контролира сите сомнителни автомобили, пишува српски Блиц.
Според информациите кои ги имаат, осомничениот не го напуштил градот, па поради тоа на излезите од градот се вршат претреси.
Vrcin. Otvorene dve rampe za izlaz iz grada. pic.twitter.com/DSctOFVDmk
— Ivan_Ignjatovic (@IvanIgnjat) January 1, 2019
Најголема гужва има на патот Белград-Ниш, кај наплатната рампа „Врчин“, каде е формирана колона во должина од три километри.
„Полицијата стои пред рампите и ги контролира таблиците“, велат на социјалните мрежи.
Во Ургентниот центар примена е девојка и веднаш е започнато со дијагностика. Се уште нема информации за нејзината состојба.