Македонија

Помирувачот помеѓу СОНК и владата е вработен во кабинетот на министерката Тренчевска, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Помирувачот помеѓу СОНК и владата е десна рака на Тренчевска, ова е измама, власта ги понижува наставниците, тврди ВМРО-ДПМНЕ

„Помирувачот е човек вработен во кабинетот на министерката за труд и социјална политика. Тој не може да биде непристрасна страна, кога една од засегнатите страни е владата, односно Ковачевски и неговата шефица Тренчевска.

СОНК е во подредена полжба, а наставниците се деградирани и понижени.

Владата го прекрши Занонот за мирно решавање на споровите.

Владата лаже за ветеното покачување. Вистинско покачување на платите е кога ќе бидат исполнети барањата на СОНК, се друго е притискање на наставниците да ги прифатат условите на владата, за на истата да и останат повеќе пари за матни тендери“, се вели во соопштението.

На почеток