Свет

Уште една нуклеарна единица во Франција е исклучена, се заканува ли енергетска криза

Уште една нуклеарна единица во Франција е исклучена, така што половина од нејзините реактори сега не се во функција за редовно одржување, поради што ситуацијата со снабдувањето со електрична енергија во земјата, која традиционално е еден од најголемите извозници на електрична енергија во Европа, е се понапната.

Дваесет и осум реактори во Франција не работат, бидејќи проблемите во државната енергетска компанија ЕДФ продолжуваат поради корозија откриена на некои локации, што бара долги инспекции и поправки, пишува Блумберг. Реакторот Golfek-2 на EDF од 1.300 мегавати, лоциран на југот на Франција, денеска е запрен поради редовни поправки, соопшти компанијата во поднесок објавен на веб-страницата на мрежниот оператор RTE.

Вонредните поправки, заедно со претходно планираните прекини на производството за полнење гориво и редовно одржување, го доведоа француското производство на нуклеарна енергија на најниско ниво во повеќе од една деценија за овој период од годината, според њујоршката агенција.

Француската „флота“ на нуклеарни централи е клучна за земјата бидејќи може да задоволи повеќе од две третини од националните потреби за електрична енергија, така што овa потенцијално може да ја влоши европската криза за снабдување со електрична енергија. На француската берза за електрична енергија дневните цени во просек беа за околу 30 отсто повисоки отколку во соседна Германија годинава, а четири пати повисоки од истиот период во 2021 година.

Исклучувањето на француските нуклеарни централи влијае и на протокот на електрична енергија во регионот. Франција увезe речиси исто толку електрична енергија колку што испратила во странство во првиот квартал од 2022 година, во споредба со нето-извозот од околу 8,0 терават-часови во Велика Британија, Италија, Германија и Швајцарија во истиот период минатата година, според Истражувачкиот институт Фраунхофер. ISE.

To Top