Свет

Во Германија стапи на сила закон за трет полов идентитет

Во Германија вчера стапи на сила закон кој им овозможува на лицата кои биолошки не се вклопуваат ниту во машки ниту во женски пол да изберат трета опција во службените документи.

Владата го изгласа овој закон во август, а минатиот месец го потврди Бундесрат.

Припадниците на ЛГБТ заедниата изјавија дека оваа мерка не е доволјна бидејќи е потребен и сертификат од доктор кој ќе докаже дека личноста е интерсекцуална и исто така бараат закони кои ќе им го олеснат животот на лицата кои не се идентификуваат со полот со кој се родени.

Интерсексуалните луѓе се родени и со машки и со женски полови карактеристики кои можат да се појават и подоцна во животот, пренесува британски „Индепендет“.

Според податоците на Обединетите Нации 1,7 проценти од светското население е родено со интерсексуални карактеристики.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток