Папата бара средба со Путин, ама нема одговор
Од
Објавено на
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско потврди дека побарал средба со рускиот претседател Владимир Путин за да се обиде да ја запре војната во Украина, но дека се уште не добил одговор.
Во интервју за римскиот дневен весник „Кориере дела сера“, објавено денеска, папата рече и дека патријархот на Руската православна црква Кирил, кој, според Ројтерс, ја поддржувал војната, „не може да стане ѓакон на Путин“.