Aнтологија на српскиот филм во Кинотека
Во Кинотеката на РС Македонија од 5 мај (четврток) до 11 мај (среда) 2022 година ќе бидат прикажани 11 класични наслови од српската кинематографија, продуцирани од раните 60-ти до средината на 80-тите години на минатиот век.
Станува збор за насловите: „Кој тоа таму пее?“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“, „Лажливо лето ’68“, „Балкански шпион“, Национална класа“, „Пластичен Исус“, „Кога ќе бидам мртов и бел“, „Љубовен случај или трагедијата на службеничката во ПТТ“, „Венецот на Петрија“, „Љубов и мода“ и „Давител против давителот“.
Автори на филмовите се: Слободан Шијан, Горан Паскаљевиќ, Душан Ковачевиќ, Божидар Николиќ, Горан Марковиќ, Лазар Стојановиќ, Живоин Павловиќ, Душан Макавеев, Срѓан Карановиќ и Љубомир Радичевиќ.
Филмовите од овој избор во 2016 година беа прогласени за национално добро од големо значење во Србија. Тие се дел од проектот „ВИП-кинотека“ чија цел е да се зачуваат и да се заштитат филмовите што ја одбележале српската кинематографија. Процесот на дигитална реставрација на српското филмско наследство е реализирано во Одделението за дигитализација и дигитална реставрација при Архивот на Југословенската кинотека во Белград.
Настанот е во организација на: Кинотеката, Југословенската кинотека, Амбасадата на Србија во Скопје и СПОНА.