Македонија

Груевски даде наредба, Мицкоски одработува за странски интереси, вели СДСМ

Во време на најголемата економска и енергетска војна, Христијан Мицкоски најавува нови засилени блокади наместо да понуди конструктивност, вели СДСМ

„Очигледно е дека Мицкоски дејствува по наредба на неговиот шеф во Будимпешта, како што е очигледно дека ваквото деструктивно однесување е засилено десеттина дена по објавата на Црната листа на САД каде се најде и Никола Груевски.

Се потврди дека синоќешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е најобична фарса, Груевски даде наредба, а Мицкоски со своите соработници одработува за странски интереси“, се вели во соопштението.

На почеток