Македонија

Започна изработката на нов Закон за средно образование

Преку инклузивен процес со учество на претставници од повеќе институции и организации, започнува изработката на новиот Закон за средното образование кој треба да обезбеди повеќе права и можности за учениците и наставниците од средните училишта и генерално да ги унапреди состојбите во оваа област.

Работната група формирана со одлука на министерот за образование и наука денеска ја одржа својата прва средба на која беше потенцирана потребата за изработка на нов закон, имајќи предвид дека постојниот е донесен во 1995 година со бројни измени и дополнувања во меѓувреме, а беше договорена и методологијата за работа и временската рамка во која законското решение треба да биде изработено.

Претставниците на ресорното министерство во следниот период ќе соработуваат со Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, Државниот испитен центар, претставници на средните училишта, УСАИД, ОБСЕ и УНДП. Поддршка е обезбедена и од Сојузот на специјалните едукатори и рехабилитатори на Северна Македонија, наставничките факултети, УНИЦЕФ, но и други страни од интерес од кои се очекува придонес во креирање на најдоброто законско решение.

На почеток