Македонија

Одново поскапува струјата; Стојаноски: Бесмилоски ќе троши 80 евра дневно за кафе, народот ќе плаќа поскапо!

Се крои нова цена на електричната енергија. Колку ќе биде зголемувањето енергетските компании се уште калкулираат.

Првиот човек на Регулаторната комисија Бислимовски за Утрински брифинг вели дека операторите имаат рок до крајот на месецов да ги достават пресметките за трошоците и барањата, по што РКЕ ќе носи одлука.

Билсомовски соопшти дека во моментов цената на светските берзи се движи околу 230 евра за мегават час, но и се очекува цела оваа година таа да биде висока. За заштита од поголеми ценовни шокови вели дека решението е во зголемено домашно производство, но и во штедење. Новата цена на струјата ќе се знае следниот месец и ќе важи до крајот на годинава.

Последната корекција беше направен на крајот од 2021 година кога електричната енергија поскапе за околу 10 проценти.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, посочи дека избори се решение за крај на катастрофата.

„Покрај досегашното поскапување на електричната енергија од 30%, се очекува ново до крајот на месецот.

Регулаторната комисија за енергетика и нејзиниот предводник Марко Бислимовски ќе трошат по 5.000 евра дневно за оперативни трошоци, по 80 евра дневно за кафе и милиони за непродуктивни трошоци, а народот ќе плаќа поскапа струја. Избори се решение за крај на оваа национална катастрофа“, посочи Стојаноски.

На почеток