Од Министерството за внатрешни работи во Белград информираат дека е уапсен Александар Р. (24) поради сомнение дека извршл кривично дело тешко убиство во обид.
Тој вчера наутро околу 7 часот пред ресторан во Белград со пиштол тешко ранил 27-годишен маж.
Исто така, повредена е и 21-годишна девојка која била во автомобилот.
Откако пукал, Александар Р. ја натерал ранетата девојка да влезе со него во автомобилот и потоа се оддалечиле во непознат правец.
Вчера попладне тој ја исфрлил девојката од возилото, а потоа таа е пренесена во Ургентниот центар каде што и се констатирани полесни повреди.
Осомничениот Александар Р. е задржан во полиција.