Свет

Извлечено 21 тело од рушевините во Русија, се трага по уште 20 лица

За сега извлечени се 21 лице од рушевините на зградата во Русија.

Градските власти изјавија дека се идентификувани 14 жртви, но и понатаму 20 лица се водат за исчезнати.

Дел од станбена зграда на 31 декември се сруши како последица од експлозија на гас.

Еден од жителите на зградата изјави дека доживеал новогодишно чудо, откако неговиот 11-месечен син е пронајден жив во рушевините, 36 часа откако се сруши зградата.

Бебето е однесено во болница во Москва, има повреди на главата, скршеници, како и хипотермија, пренесува АП.

Во Магниторск температурата се спушта и до 20 степени Целзиусови под нулата.

Руската министерка за здравство изјави дека бебето ја поминало ноќта на интензивна нега и дека животот не и е загрозен.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток