Свет

Тачи: 2019 година ќе биде година на постигнување на конечниот договор меѓу Косово и Србија

Косовскиот претседател, Хашим Тачи на својот Фејсбук профил напиша дека 2018 година била година на косовската армија, а дека 2019 година ќе биде година на отворање на границата со Албанија и на постигнување конечен договор меѓу Косово и Србија.

„Додека 2018 беше година на војската на Косово, годинава што тукушто ја почнавме ќе биде година на отворање на границата на Косово и Албанија и постигнување на конечниот договор меѓу Косово и Србија“, напиша Тачи на Фејсбук.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток