Силен земјотрес го погоди Источен Тимор
Од
Објавено на
Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Лоспалос во Источен Тимор, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри и на околу 29 километри југоисточно од Лоспалос, објави Ројтерс.
Засега нема податоци за последиците од земјотресот.