Сообраќајка на патот Скопје – Тетово, две лица тешко повредени


На 26.05.2022 околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионален пат Скопје – Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(44) од с.Ласкарци, скопско и патничко моторно возило „сузуки свифт“ со косовски национални ознаки, управувано од М.З.(37) од с.Ласкарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.П., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје, како и сопатничка во патничкото моторно возило „сузики свифт“, С.М. (31) од Швајцарија, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Со телесни повреди во несреќата се здобиле возачот на возилото „сузуки свифт“ и сопатничката Л.Ш.П. (29) од Швајцарија, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
