Македонија

(ВИДЕО) По дождот Тетово доби езеро, жителите прашуваат каде се пастрмките

Дожд доцна попладнево го зафати Тетово.

Врнежите предизвикаа поплавување на дел од улиците во градот, што направи проблеми во нормалното одвивање на сообраќајот.

На социјалните мрежи граѓаните објавија видеа од поплавените улици.

Ситуацијата во Тетово тамошните жители ја опишуваат како во градот да има „Тетовско езеро“, а други пак веќе прашуваат каде се пастрмките.

На почеток