Претседателски избори во Колумбија: Кандидати се поранешен бунтовник, умерен десничар и бизнисмен
Колумбијците денеска гласаат за нов претседател меѓу тројца кандидати: поранешен бунтовник кој ветува дарежливи социјални програми, кандидат од десниот центар кој предупредува на левичарски економски модел и бизнисмен.
Густаво Петро, левичар и поранешен градоначалник на Богота, некогаш член на герилската група М-19, а сега сенатор, постојано води во анкетите со околу 40 отсто поддршка, 10 поени помалку од поддршката што му е потребна за да обезбеди победа во вториот круг во јуни, јавува Ројтерс.
62-годишникот доби поддршка за ветувањата дека ќе го прераспредели пензискиот фонд, ќе понуди бесплатно високо образование и ќе се бори против длабоката социјална нееднаквост.
Неговиот главен противник е Федерико Гутиерез, кандидат на десниот центар и поранешен градоначалник на Меделин, кој има поддршка од околу 25 отсто.