Македонија

Косовец сакал да премине граница со туѓ пасош

На 28.05.2022 во 13.30 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата бил приведен У.Х.(34) од Косово, поради тоа што при пасошка контрола дал на увид македонска патна исправа на име В.М.(28) од Скопје. При преглед на неговиот багаж била пронајденa неговата лична карта. Патната исправа која ја дал на увид била одземена, бидејќи спротивно на Законот за странци, тој извршил „послуга со туѓа патна исправа“, додека при влез во државата на Граничниот премин Долно Блаце на 28.05.2022 тој дал на увид косовска лична карта. У.Х. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На почеток