Скопје

„Оние кои го граделе потпорниот ѕид, треба да одговараат“, вели Георгиевски

Се урна потпорен ѕид во должина од над 30-тина метри на Булеварот Борис Трајковски, а причина за негово оштетување е поројниот дожд кој го зафати Скопје.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Георгиевски, во вестите на Сител изјави дека до вечер ќе се обезбеди целиот потег и апелираше возачите кои се движат од Драчево кон Центар да внимаваат.

„Ќе се изготви проект за санација и ќе се направи ревизија како е граден потпорниот ѕид. Ќе се испита целата состојба со оваа градба, но сведоци сме дека многупати се случувале и трагедии и ќе ги испитаме сите потпорни ѕидови на територијата на општината. Тие што ги изведувале овие активности, треба да одговараат, бидејќи народот плаќа а можело да има и жртви“, рече Георгиевски.

To Top