(ФОТО) Поплавена Уметничката Галерија во Тетово


Денешните врнежи од дожд како и град предизвикаа поплава и во Уметничката Галерија во Тетово. Поплавени беа и внатрешноста како и дворот. Од таму информираа дека вработените ја отстрануваа надојдената вода во просториите на галеријата.
„Денешните врнежи придружени со град , предизвикаа значителни штети во просториите на Уметничката Галерија во Тетово.
Директорот на Галеријата, г-дин Илир Куртиши, заедно со техничкиот персонал се упатија кон Галеријата за да ги санираат штетите предизвикани од дождот. Не изостана и присуството на државниот секретар г-дин Валмир Азири.
Се надеваме дека денешниот ден нема да се повтори и Галеријата наскоро ќе започне со работа“, информираа од установата.
