Македонија

(ВИДЕО) Тетово се претвори во Венеција, фрапирачки снимки од градот

Секој нов дожд ги потсетува тетовчани на поплави, велат од Левица.

„Стари улици, нови улици, збиени згради каде нема место за паркирање, нема место за пешаци, нема приод за амбулантни возила ниту за пожарни а камоли за луѓе на колички.
Буквално целата инфраструктура на Тетово е неплански катастрофално направена.
Тротоарите се пропаднати. А за време на дожд се поплавуваат улиците.
Граѓаните на Тетово и покрај тоа што уредно си платиле комуналиите, уште многу ќе почекаат да го добијат соодветно за платеното.
После секој дожд, ова е сликата на Тетово“, се вели во објавата.

На почеток