Македонија

Џафери со своето самоволие придонесе да се создаде хаос во Собранието, вели ВМРО-ДПМНЕ

Интерпелацијата за Талат Џафери е поднесена и сега на потег се СДСМ на Ковачевски. Тие сега треба да покажат дали имаат доблест и истата да ја поддржат или ќе покажат дека поважна им е фотелјата, отколку демократските принципи, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Талат Џафери со своето самоволие придонесе да се создаде хаос во Собранието. Тој ги понижи и пратениците и вработените во собранието и собранието како институција.

Кршењето на Деловникот со заклучувањето на пратеници, примитивизмот и пцуењето на службеници, средбите со чеченски политичари кои се безбедносен ризик се само дел од скандалите кои тој ги предизвика. Со нив го погази угледот на законодавниот дом, го погази дигнитетот на Собранието и ја избламира Македонија на домашен и меѓународен план.

Од оваа интерпелација владејачкото мнозинство не може да бегаат.

Дојде време кога треба да покажат дали се за демократските принципи или се заложници на желбата за гола власт“; се вели во соопштението.

На почеток